Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја посети тетовската населба Колтук каде разговораше со 25-годишниот Мартин Милетиќ кој успеа да го спаси од пожар неговиот 50-годишен сосед.
Споменатиот пожар се случи на 28. Јануари годинава, а притоа 50 годишниот жител на Тетово се здоби со изгореници.
„Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит“ рече Пендаровски по средбата со својот домаќин.
Мартин во петокот околу 19 часот, во моментот кога видел дека огнот се разгорува, а неговиот сосед се уште е во куќата, тргнал да го спасува.
Иако мајка му го одвраќала од намерата, тој продолжил порачувајќи дека или двајцата ќе излезат – или никој.