Претседателот на Русија – Владимир Путин за вечерва има закажан телефонски разговор со британскиот премиер – Борис Џонсон за две клучни теми:
решавање на украинската криза и безбедносните гаранции.
Ова го изјави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања – Јуриј Ушаков.
„Ова е внатрешно-украинско решение, со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија“ – истакна Ушаков.
Тој додаде дека двајцата лидери ќе опфатат и некои прашања од билатералната соработка, која сега е на „многу, многу ниско ниво“.