„Да се искористи можноста за рестарт на односите со Скопје, да се започне со подавање рака, во позитивен тон“

„Рано е да се даваат оценки за пристапот на бугарскиот премиер Кирил Петков во однос на „исклучително сложениот проблем“ со Северна Македонија, но треба да се искористи можноста за рестарт на односите и да се почне со позитивен тон“. Ова денеска го изјавил копретседателот на блокот Демократска Бугарија – Христо Иванов, во врска со напнатоста во односите меѓу Петков и бугарскиот претседател Румен Радев.

„Демократска Бугарија смета дека треба да се испроба очигледната можност за рестарт на односите меѓу Софија и Скопје со новите влади во двете земји. Треба да се започне со добро и со подавање рака во еден позитивен тон“ – рече Иванов.

Тој даде поддршка за напорите на Петков да се даде поттик во позитивен дух.

Според Иванов, одбивањето на бугарската вицепремиерка и министерка економија и индустрија – Корнелија Нинова да замине во првата средба на Работна за економија, трговија и иновации меѓу Северна Македонија и Бугарија во Скопје е основано, бидејќи станува збор за нејзина реакција на средбата на претседателот Стево Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“.