Тина Тарнер откри во кој колега била заљубена: Никогаш не можевме само да стоиме и да пееме!

Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст по долго и тешко боледување, а зад себе остави многу богата кариера, живот исполнет со убави моменти, но и трагедии, а како што еднаш кажа и самата, нема да се плаши кога ќе дојде смртта.

Во интервјуто кое го даде пред еден месец, Тина откри дека цел живот го сакала Мик Џегер, на некој начин.

„Сакав да работам со Ролинг Стоунс, отсекогаш ми се допаѓаше Мик Џегер“, изјави Тина, додека самиот Џегер е познат по тоа што изјави дека таа му била инспирација.

Џегер и Тарнер соработуваа на сцената неколкупати во текот на нивните кариери, настапуваа заедно и испорачаа совршени изведби. Ќе ја памети турнејата во Филаделфија кога Мик и го скина здолништето на сред сцена.

Пишувајќи за инцидентот во своите мемоари, Тина Тарнер се присети:

„Мик и јас никогаш не можевме само да застанеме наоколу и да пееме, тоа не бевме ние. Моравме да направиме нешто. Тој ме погледна. Носев тесен црн кожен горен дел и здолниште и можев да видам како се формира зла идеја во неговата глава. „Дали тоа здолниште се оттргнува?“, праша итро. „Што?“, беше мојот изненаден одговор… „Ќе ти го соблечам здолништето“. Го прашав зошто, но беше предоцна да се зборува за тоа, Мик веќе реши да го направи тоа“.

По нејзината смрт, Мик Џегер се огласи и на Инстаграм.

„Многу сум тажен поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Беше бескрајно талентирана, одлична пејачка, полна со инспирација и забава. Многу ми помогна кога бев млада и никогаш нема да можам да го заборавам тоа” напиша Џегер.