„Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку `ужасно многу задоцнета`“. Ова е реакцијата на премиерот на Бугарија – Кирил Петков на изјавата на претседателот Румен Радев дека неговата посета на Скопје била избрзана.
„Вистината е дека Бугарија изгуби 30 години во тие односи. Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап“ – рече Петков.
Тој изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години.
„Јас не можев да издржам да ја одложувам посетата за ниту еден ден“ смета тој.