„Грин Машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција
И оваа година, успешен старт на „Грин Машинс“од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини , веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин Машинс“.
Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира програмата за инвестиција во животна средина.
Охрабрувачки и мотивирачки е фактот што светот ја препознава мисијата на компанијата која активно партиципира со практични и иновативни решенија и производи кои се пласираат во повеќе од 42 земји.
„Во моментов, во погоните на „Брако“, се подготвува нова испорака за француските метрополи. Минатата година ја заокруживме со испорака на овие иновативни и единствени возила во Турција, а годинава ја стартуваме со испорака во Франција,“ велат од менаџерскиот тим на „Грин Машинс“.
Програмата на „Грин Машинс“, за почиста и позелена иднина, пласира возила со нула штетни емисии, на хидрогенски погон, со нула бучава. ГМ возилата во снежните денови, со помош на бројните додатоци се трансформираат и во чистачи на снег и распрскувачи на сол. Истовремено, ГМ возилата ги намалуваат трошоците за работна сила и одржување.
Наскоро започнува и сериското производство на најновиот модел GM400ze RS, целосно електричен и двојно помоќен од неговиот претходник. Благодарение на имплементираниот револуционерен систем за рециркулација на воздухот, зголемен е капацитетот за филтрирање на прав и количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати.
Тие се совршени за различни надворешни површини. Од тесни улички до индустриски зони и места каде што се изведуваат градежни работи, до аеродроми и паркови и затоа што се екстремно тивки тие се вистински пријатели на пешаците.
Охрабрени од фактот дека светот правилно го препознава квалитетот на производите од оваа еколошка платформа, мисијата на „Грин Машинс“ продолжува. Тимот успешно ги реализира своите планови, а зголемената еко-свест во светски рамки, е дополнителен поттик за успешно справување и со сите непредвидени околности предизвикани од глобалната пандемија на Ковид-19.