Седуммина уапсени за поседување дрога за само една ноќ

Во 03.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ј.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и прашкаста материја. Во истото време утрово и поради истите причини, но во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(30) од Виница.  

Малку по полноќ, во 00.30 часот, во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. 

Во 01.40 часот по полноќ во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

Рано утрово во 03.00 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР охрид го лишиле од слобода Ж.Р.(32) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

Ноќеска во 00.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

Во 23.45 часот на  ул.„Трескавец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

По документирање на сите овие случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.