По иницијатива на партијата Достоинство, лидерите на партиите во владеачката коалиција прифатија да се обештетат семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година.
Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов се надева дека ова ке се реализира во разумен рок и со тоа ќе биде решен проблемот на необештетените бранители.
Владеачката коалиција ја прифати иницијативата на вчерашната средба во Клубот на пратеници.