Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на која се разгледуваше актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко рече дека дема никакво загрозување во однос на територијален интегритет и суверенитет на земјата.
„На седницата дискутиравме за безбедност на состојбата во државата и надвор од неа е добра, со оглед дека сме членка на НАТО алијансата. ОД тоа беа донесени неколку заклучоци. Прво членови на Советот за безбеднос констатиралаа дека состојба е безбедна и дека нема индиции за загрозување на териториален идентитет и суверинитет на С. Македонија. Во регион на З. Советот заклучи дека со засилена дипломатска активност и присуство на теренот на меѓународна заедница тензии делумно се , тука пред се мислиме на Босна и Херцеговина, постои простор за воспоставување дијалог за надминување на проблеми.Се дискутираше и за тензиите на украинска руска граница. Имајќи впредвид дека граничат со две држави кои граничат со т.н евроатланска одговорнос, С. Македонија како членка на НАТО ги направи сите подготовки како ќе се одвиваат работите понатаму. Во таа смисла поздрав до дипломатски напори со кои им се дава шанса на преговори, а не на оружје“ – изјави Пендаровски.
Во врска со барањето на официјална Софија и Бугарите да влезат во македонскиот Устав, шефот на државата смета дека во моментов не треба да се отвора Уставот. Тој рече дека доколку тоа се случи во блиска иднина, тогаш за тоа треба да се направи консензус со сите политички партии во Собранието.
„Во политичкиот дел секогаш е проблематично кога го отвораме Уставот. Мојот став е дека во изминатите години многу често го отворавме Уставот. Уставот не треба да се отвора премногу често. Уставот треба да се отвори кога има причина за тоа…прашање е дали сега ни треба било какво отворање на Уставот. Ако ме прашате мене, не ни треба“ – рече Пендаровски.
На седницата присуствуваа редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието, Димитар Ковачевски, претседател на Владата, министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за одбрана, Славјанка Петровска, за надворешни работи Бујар Османи, како и Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.
На покана на претседателот, на седницата на Советот присуствуваа и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.