Зеленски: Создаваме нов формат на политичка соработка во Европа, Украина – Велика Британија – Полска
Претседателот на Украина – Володимир Зеленски рече дека соработката меѓу Велика Британија, Полска и Украина добива нов формат.
„Создаваме нов формат на политичка соработка во Европа меѓу Украина, Велика Британија и Полска“ – посочи тој на денешната редовна седница на Врховната Рада.
Сооодветните договори најверојатно ќе бидат зајакнати денеска откако во посета на Киев ќе дојдат на премиерите на Велика Британија и Полска – Борис Џонсон, односно Матеуш Моравјецки.
Зеленски рече и дека дипломатската поддршка за Украина е на највисоко ниво од 2014 година.
Сепак, според него, земјата „ја цени поддршката од сите, но се потпира само на себе“.