Кина: ЕУ не треба да ни кажува што да правиме кога станува збор за правата на ЛГБТ заедницата
Ова го истакна кинеското Министерство за надворешни работи по вчерашното соопштение на претставништвото на ЕУ во Пекинг.
На Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, делегацијата изјави дека сите ЛГБТ лица во Кина треба да ги имаат истите права како и сите други луѓе и дека треба да им се дозволи да отворат различни организации кои ќе се борат за заштита на нивните права.
„ЕУ не треба да дава наредби на оваа тема. Следно прашање?“ возврати Кина со одговор.
Во понеделникот, медиумите објавија дека главниот градски ЛГБТ центар е затворен во Пекинг поради причини кои тие не можат да ги контролираат. Центарот бил активен 15 години, а „Блумберг“ повикувајќи се на својот извор објави дека притисоците врз организацијата биле присутни многу порано.
Во соопштението на центарот за 2022 година, се наведува дека организацијата наишла на многу непријатни појави, како што се принудни преселби и други проблеми со работата, како и „оцрнување“ на личностите на оние кои работат во центарот, како и нивните семејства.
„Сите овие настани доведоа до колективен емоционален пад и би било нечесно ако кажеме дека се уште сме многу заинтересирани за нашата работа во оваа ситуација“, вели од овој ЛГБТ центар во својот извештај за минатата година.