Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека албанските политичари кои од утре ќе бидат на чело на српските општини на северот на Косово „никогаш нема да бидат прифатени за градоначалници“ и апелираше до Србите да го зачуваат мирот.
„Ги молам Србите да го зачуваат мирот. И овие никогаш нема да бидат прифатени за градоначалници. Живее и се обидува да создаде атмосфера во која сите Срби ќе ги напуштат своите огништа. Мојата порака е дека ќе бидеме со Србите и дека ќе се бориме тие да опстанат на Косово и таму да опстане Република Србија, како и главните премиси на нашиот Устав“, рече Вучиќ во Нови Сад на отворањето на јапонската фабрика за електрични мотори „Нидек“.
Тој рече дека утре се очекува албанските политичари да одржат конститутивни седници на локалните власти за три српски општини на север во зграда во Косовска Митровица.
„Ќе бираат и лажни градоначалници поддржани од земјите од Квинте на најлажните, најсрамните и најмизерните избори во светот, со просечна излезност од 3,4 проценти“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека ситуацијата на северот на Косово е многу напната поради се што се случува.
„А колку сум загрижен за тоа што доаѓа утре и задутре – подобро да не кажувам“, изјави Вучиќ.