Шакира објави нова песна
Шакира објави нова песна наречена „Acróstico”. Ѕвезди на видеоспотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат со својата мајка и свират на клавир, бидејќи таа, всушност, им посвети песна и спот којшто вклучува низа снимки од кога биле бебиња.
„Милан оваа година напиша песни кои ме доведоа до работ на емоциите, а Саша минуваше часови на клавирот. И двајцата беа со мене во студио и откако ја слушнаа оваа песна, првично посветена на нив, ме замолија да бидам дел од неа. Милан и Саша, многу е убаво да гледам како ги ширите крилјата и почнувате да ги остварувате вашите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа да бидам ваша мајка“, откри колумбиска ѕвезда на Инстаграм.