Извештаите за поставени бомби, испратени во средата наутро по електронска пошта на адресите на 115 основни и средни училишта во Белград, се лажни, потврдија од српското Министерство за внатрешни работи, пренесуваат српските медуими.
Полицијата извршила антитерористички контроли во сите училишта, по што било утврдено дека во училиштата нема експлозивни направи и дека пријавите се лажни.
Дојавите за бомби како што објави српското Министерство за образование, пристигнале на адресите на дури 115 школи. Од нив, 78 се основни, а 37 средни.
Извештаите за бомбите дојдоа две недели по неодамнешното масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, што предизвика дополнително внимание бидејќи полицијата испрати специјализирани тимови во училиштата за да истражат.