Додик: Од ситуацијата и лошите односи во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска
Членот на претседателството на БиХ – Милорад Додик во пресрет на денешната расправа во Народното собрание на Република Српска во Бања Лука изјави дека Република Српска е заинтересирана за политичката и економската состојба во БиХ. Од тоа, според него, во голема мера зависи и состојбата во Република Српска.
„За жал, од таа ситуација и лошите односи во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска, а тоа се одразува и на одредени наши функции“ рече Додик.
Тој најави дека денеска ќе разговараат како и на кој начин би можело да се реши политичката криза во БиХ.
„Од друга страна, слушаме дека треба да се укине Република Српска, на оние кои мислат дека БиХ нема шанси или оние кои мислат дека треба да се формира трет ентитет и дека покрај Република Српска и другите два народи треба да имаат свој ентитет. БиХ е составена и од Република Српска и ние во неа го внесуваме нашиот суверенитет и нашите права. Ние од Република Српска не ја гледаме БиХ како унитарна и централизирана држава“ – рече Додик.