Удри молња во САД и го сруши светскиот рекорд

Нов светски рекорд во САД. Пред речиси две години, се појавила молња на небото од речиси 770 километри, соопштија ОН.

Новиот рекорд за најдолга „цик-цак“ молња, измерен во југот на САД на 29. април 2020 година, изнесува 768 километри – низ сојузните држави Мисисипи, Луизијана и Тексас, нагласи Светската метеоролошка организација на Обединетите нации.

Ова се 60 километри повеќе од претходниот рекорд во јужен Бразил на 31. октомври 2018 година.

Стручниот комитет објави дека е поставен нов светски рекорд и за времетраење на молскавицата.

Бура со молњи над Уругвај и северна Аргентина на 18. јуни 2020 година. Молњата траела 17,1 секунда или за 0,37 секунди подолго од претходниот рекорд поставен на 4. март 2019 година, исто така во северна Аргентина.