Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, вечерва во ТВ21 во емисијата „10 МИНУТИ“ ја отфрли како невистина информацијата дека Градот е пред банкрот.
„Во јавноста во последните денови се шпекулира со еден збор банкрот… Треба да се знае што значи овој збор пред да се искаже. А, градот никогаш не бил поконсолидиран. Ги отплативме сите долгови кои беа околу 100 милиони евра“, рече Арсовска.
За мостот „Беласица“ вели дека најверојатно станува збор за штета предизвикана од човечки фактор, и дека не знае колку ќе биде затворен.
„Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици, а тоа е да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите да ги видиме извештаите од МВР и од ЦУК и да почнеме со постапување. Треба да се испита дали е безбеден, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор. Знаеме дека се создава хаос, меѓутоа не зависи од Град Скопје колку ќе траат овие поправки“, рече Арсовска.