Министерката за одбрана Славјанка Петровска соопшти дека утре ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор што таа го иницираше против искажаните невистини на Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ кон неа.
„Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене“, објави Петровска.
Таа додае дека ќе бара судењето да биде јавно.
„Како што ветив ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени“, истакна Петровска.