Мицкоски го отфрли предлогот на Комората за предлогот за празниците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска индиректно го отфли предлогот на Стопанската комора за измени во законските одредби за празниците, со кој меѓу другото се бара доколку некој празник се падне во недела, наредниот ден да биде неработен.

„Во, принцип мислам дека стекнатите работнички права треба да се почитуваат и тука немам никаква дилема“, кусо изјави Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите откако се обрати на презентацијата на извештајот на Светска банка за Македонија.

Вчера Стопанкста комора побара најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник. Предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови, појаснија од Комората.