Судир меѓу камион и автобус – близу 40 повредени, се стравува дека има мртви

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Словачка во која се судриле камион и автобус, пишува словачкиот портал „Cas.sk“.

Повредени се 37 лица, а се сомнева дека има и мртви. Судирот се случил утрово во близина на градот Кути.

Во несреќата учествувале камион и автобус со унгарски регистарски таблички.

Службите за итни случаи и хеликоптери се на лице место. Полицијата соопшти дека се повредени 37 лица.