Калин Ивановски напредуваше 46 позиции на АТП листата
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски зад себе има одлична недела која му донесе скок од 46 позиции на АТП листата за најдобар ранкиг во кариерата.
Ивановски на турнирот во Куршумлиска Бања ја освои титулата во двојки, додека во поединечна конкуренција играше финале каде што беше поразен од Келемен Табур со 4:6, 6:4 и 2:6.
Со освоените бодови на овој турнир Калин скокна до 413-тата позиција која е најдобар негов ранкиг во кариерата.
Промена доаѓа на самиот врв, каде што Карлос Алкараз од следната недела ќе биде предводник на светскиот тенис, без разлика како ќе го заврши настапот на мастерсот во Рим, кој е во тек.
За такво нешто му требаше само да ја мине првата пречка, што лесно му успеа, па обезбеди да го прескокне Новак Ѓоковиќ, кој досега беше предводник на карванот.