Крунисувањето на Чарлс III беше спроведено на 6 мај. Присуствуваа луѓе од секаде ширум светот, чии погледи беа насочени кон новиот крал на Британија кој го зазема тронот по смртта на неговата мајка Елизабета Втора на 8 септември 2022 година.
За жал, Чарлс дојде на тронот среде заладувањето на односите со неговиот помлад син и неговата сопруга, принцот Хари и Меган Маркл.
Чарлс III е роден на 14 ноември 1948 година во Лондон како најстаро дете на Елизабета II и принцот Филип, војводата од Единбург.
Британскиот крал го одбележа крунисувањето објавувајќи нова фотографија со двајцата наследници, престолонаследникот Вилијам и неговиот син, принцот Џорџ.