ЖРК Куманово го освои Купот на Македонија

Во финалето во салата „Билјанини извори“ во Охрид, Куманово го победи Вардар со 32:31.

Ракометарките од Куманово, на полувреме имаа предност од три гола (15:12), на почетокот на вториот дел водеа со 19:14, кога Вардар одговори со шест гола за преземање на водството 19:20.

Сепак во завршните 10 минути, Куманово влезе со предност од три гола (29:26). Победникот во драмтичниот натпревар го реши Граматова со гол на осум секунди до крајот.