Петер Стано – портпаролот за надворешна политика во ЕУ изјави дека Унијата работи на дипломатски начин со Русија, но дека во случај на агресија врз Украина, последиците ќе бидат политички и економски.
„ЕУ во овој момент е во фаза на решавање на проблемите со Русија преку дијалог, но ако пропаднат дијалогот и дипломатијата, подготвени сме за мерки на одвраќање“ – рече Стано.
Тој истакна дека Европската Унија ги разгледува сите можни опции доколку дојде до агресија врз Украина.
„Ќе има сериозни политички последици и агресорот ќе плати масовна економска цена“ вели Стано.
Санкциите би биле пропорционални на тој напад, а ЕУ се координира со своите трансатлантски партнери во овој дел исто така, главно САД, Канада и НАТО, рече тој.