Македонија во влезе во пеколната група на ЕП во ракомет

Машката репрезентација на Македонија влезе во групата на смртта во групната фаза на Европското првенство 2024 во Германија. Македонските ракометари се најдоа во групата А и ќе играат против домаќинот Германија, Франција и против Швајцарија.

Избраниците на Кире Лазаров  ќе играат во Берлин, а натпреварите од континеналниот собир ќе се играат од 10 до 28 јануари.

Првите две селекции по групната фаза ќе обезбедат место во главната рунда, каде ќе играат по шест селекции во две групи.

Македонија на ЕП 2024 се пласираше како второпласирана во квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург, а квалитативниот статус направи да ја чекаме денешната ждрепка од третиот шешир.