Модниот бренд „H&M“ доаѓа во Македонија
Модниот бренд „H&M“ доаѓа во Македонија, веста е потврдена на официјалната веб страна на компанијата.
Најавите се дека годинава „H&M“ планира да отвори свои продавници во Еквадор, Косово и Македонија.
Ова вест на Инстаграм ја објави и Арсим Папранику – првиот човек на „Ист Гејт Мол“. Тој најави дека отворањето ќе биде годинава.
Компанијата „H&M“ има вкупно 4.801 продавница ширум светот.