Откако во четвртокот ја обезбедија шампионската титула во Удине, фудбалерите на Наполи ја победија Фиорентина со 1:0 во 34. коло од Серија А на стадионот „Диего Армандо Марадона“ пред 55.000 гледачи.
Прашањето на победникот го реши голот на Нигериецот Виктор Осимен од пенал во 74. минута.
Тоа беше негов 47. гол во Серија А, со што стана најефекикасниот африкански фудбалер во италијанското првенство.
На вечната листа, Осимен, го престигна легендарниот Жорж Веа.
Прославата на навивачите на Наполи започна на 4 мај во 22:37 часот и ќе трае уште долго.
На улиците на Неапол, знамињата на Наполи се веат на речиси секоја куќа, а по 33 години чекање, Наполитанците го живеат својот сон.