На аеродромот Ататурк во Истанбул се одржа состанок на владејачката Партија на правдата и развојот (АК), на кој присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На митингот се собраа повеќе од 1,7 милиони луѓе, јавува Анадолија.
Митингот беше организиран во пресрет на парламентарните и претседателските избори кои се одржуваат на 14 мај. Пред присутните се обрати претседателот на АК Партијата, Ердоган, кој е и кандидат на претстојните претседателски избори. Ердоган најави голем број големи проекти во Истанбул, вклучувајќи го и „Големиот тунел на Истанбул“.
„Со „Големиот тунел на Истанбул“ дополнително ќе го збогатиме транспортот во градот, поврзувајќи 11 различни железнички линии кои дневно ќе ги користат 6,5 милиони граѓани. Го спроведуваме нашиот проект за голем тунел во Истанбул. По Мармарај и Евроазија, овој проект ќе биде третиот тунел што ќе помине под Босфорот“, рече Ердоган.
Турските граѓани на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори, а ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.
Право на глас имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани. Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган се кандидати за претседател на Турција.