„Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за да се спротивстави на рускиот притисок и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година“. Ова е изјава на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.
„Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за да се спротивстави на руската ескалација. Сега има обвинувања дека Украина го потценува нивото на заканата. Но, ние бевме тие што во ноември инициравме развој на сеопфатен пакет за совладување на Русија, кој вклучуваше три нивоа: активна дипломатија, строги економски санкции против Русија и длабинска одбранбена соработка со нашата земја“ вели украинскиот шеф на дипломатијата.
Тој вели и дека кон тријадата сега се додава нов елемент – помош за зачувување на економската и финансиската стабилност на земјата.
Кулеба нагласува дека Украина станала посилна и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година, а партнерите на земјата веќе направиле повеќе за да се спречи кризата.