Се бара укинување на полицискиот час на Косово
Асоцијацијата на општини на Косово повторно со барање до Министерството за здравство – да се укине полицискиот час кој е во сила поради пандемијата на Ковид-19, а кој е на сила од 22 до 5 часот наутро.
Од Асоцијацијата побарале средба со министерот за здравство пред 4. февруари, кога ќе се преразгледуваат важечките мерки за спречување на ширењето на пандемијата.
Покрај ова барање, во Косово и во соседните земји мошне гласни се барањата и за укинување на обврската за приложување потврда за примени три анти-ковид вакцини, или за две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа при влез во државата.
Барање до косовските власти за укинување на обврската за три вакцини, која заедно со полицискиот час и други анти-ковид мерки беше воведена на 14. јануари.