Сместена на психијатрија ученичката која со нож повреди дете и наставничка во Белград

Петнаесетгодишното девојче кое денеска со нож повреди 15-годишен ученик и наставник (43) во училиштето „Руѓер Бошковиќ“, е сместено на преглед во психијатриска установа, дознава Танјуг.

Како што пишува српската новинска агенција, таа и претходно имала психички проблеми, а пред неколку месеци била исфрлена од споменатото училиште.

Момчето и наставничката се здобиле со полесни повреди и двајцата се веднаш хоспитализирани во соодветни институции.