7 девојчиња, 1 момче и чуварот во училиштето – жртви на масакрот во Белград

Осум деца вчера заминаа на училиште и веќе не се вратија. Седум девојчиња, едно момче и чуварот во училиштето се жртвите на масакрот во Белград.

Нивниот школски другар Коста Кецмановиќ – 13 годишен седмоодделенец, застрела осум школски другари ученици, како и чувар кој работел како обезбедување во училиштето. Покрај убиените ранети се уште шест ученици и наставничка, од кое две деца се во критична сосојба.

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Сите убиени деца се родени во периодот од 2009 до 2011 година.