Жена вработена како контролор во скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера попладне била нападната од патник во автобусот со број 23, а насилникот се обидел да ја нападне со нож, соопшти МВР.
„На 02.05.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавила дека околу 15.10 часот, додека била на работно место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на линија бр.23 на бул.„Кузман Јосифовски Питу”, патникот С.Б. ѝ се заканил и се обидел да ја нападне со остар предмет“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.