Вучиќ: Денес е еден од најтешките денови во современата историја на земјава

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста изрази сочувство за жртвите во масакрот кој денеска се случи во Белград

„Денес е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја“, рече Вучиќ откако изутрината 14-годишниот Коста уби 8 луѓе, а рани шестмина со пиштол во училиштето „Владислав Рибникар“

Рече дека за жал, Србија е обединета во тага.

Таа тага е толку голема што не се сеќаваме на поголема. Но, кога сме обединети во тагата, треба да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас и да бараме решенија, така што вакво нешто, колку и да е непредвидливо, а не велиме, никогаш повеќе, туку да се намалува бројот на трагедии“, рече српскиот претседател.

Вучиќ посочи дека не брзал со давање изјави бидејќи сакал да види каде системот згрешил и каде е одговорноста кај политичарите.

„Момчето отсега е на посебно место. Ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружјето што го чувал незаконски иако имал дозволи, е уапсен, а во притвор е приведена и неговата мајка, поради многу приказни и многу лаги кои се шират на социјалните мрежи, јас сум должен како претседател да зборувам за вистинските обврски“, рече Вучиќ.