Во соопштението на Кремљ кое го пренесуваат руските медиуми, наводниот обид за напад со два дрона во текот на ноќта е опишан како „терористички чин“ и се додава дека руската војска и безбедносните сили ги „онеспособиле дроновите“.
Не е причинета материјална штета и нема жртви.
Претседателот на Русија Владимир Путин е на безбедно и продолжил да работи брз промени во распоредот, се додава.
Во соопштението кое го пренесува руската агенција ТАСС се наведува дека овој инцидент се смета за „намерен обид за убиство на Путин пред Денот на победата кој Русија го слави на 9 мај“.
„Русија го задржува правото да одговори кога и каде ќе смета дека е најприкладно“, се наведува во соопштението.
Украинската страна не ги коментираше тврдењата.