Страшен инцидент се случи утринава во 8:40 часот во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар, кога ученик (14) пукаше и уби работник на обезбедувањето.
Во престрелката загинаа неколку ученици, а има и повредени.
На фотографиите можете да го видите момчето кое пукаше во училиштето, а кое полицијата го носи по страотниот инцидент.
Како што се дознава, едно дете веќе е на операционата маса. Има повреди на главата и неговиот живот е во опасност.
Други две деца се со прострелни рани и се на интензивна нега.
Како што неофицијално објавуваат српските медиуми, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците.
„Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица“.
По крвавиот пир се дал во бегство, но веднаш е приведен. Според дел од медиумите, при привцедувањето тој рекол дека пукал оти е психопат.
Името на малолетното момче е Коста. Бил одличен и мирен ученик. Денес стана монструозен убиец.
Како што дознава informer.rs, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добивал бројни награди и пофалби. Важи за еден од најталентираните ученици од основното училиште каде го изврши масакрот.
Бил син на познат радиолог.