Германските синдикати постигнаа договор за платите во јавниот сектор

Синдикатите и работодавачите во германскиот јавен сектор постигнаа договор за нов колективен договор, по четвртиот круг преговори, вчера во Потсдам.

Околу 2,5 милиони вработени во јавните служби од јуни ќе добијат 3.000 евра исплати поради високата инфлација.

Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра. Договорот во голема мера ја следеше арбитражната препорака објавена пред една недела.

Договорот е на 24 месеци.

Да потсетиме, германските синдикати во изминатите месеци со штрајкови низ целата земја го парализираа јавниот превоз, градинките, болниците и собирањето смет поради спорот за платите.