Неделковски: Вештачката интелигенција не е ништо друго освен заменување на голем број на луѓе

,, IT индустријата не е многу зависна од државните политики, од  други некои предуслови кои треба да ги исполни државата, пред се е глобална, значи тука границите се и релевантни, тие договори, трговски, меѓународни бариери царини итн и таква една клима е многу поволна, затоа имаме бум во нашата држава. Оној економски раст кој сега се одвива е инициран од многу IT други професии врзани со IT кои што работат глобално, не се применети со било какви локални регулативи така да апсолутно и во вештачката интелегенција сме рамо до рамо со IT компаниите од светот впрочем и наши компани,, – истакна Игор Неделковски, ректор на универзитетот „Св. Климент Охридски во најновото издание на Трилинг.

,,Вештачката интелигенција не е ништо друго освен заменување на голем број на луѓе, впрочем и секој компјутер ја има таа улога” – вели тој.

,,Кога е било што на почеток, никој страв не е ирационален. Потсетете се на ковид ситуацијата, како ги приближувавме дома зеленчукот, овошјето, маски баравме кај да купиме, бидејќи не се знаеше што е причината, кои се последиците, колкава е смртноста, и нормално се вклучи страв вклучувајќи кај Владите каде секаде во светот забрани за затворање”

,,Размените се најдобрата работа и флуктуацијата е најдобрата работа што може да му се случи на било кое општество затоа ние сакаме да бидеме отворени  општества” – истакна Неделковски.