Се намалува цената на бензините
Измена на цените на дел од горивата ќе има вечерва од полноќ.
Бензините поевтинуваат, додека дизелот останува со непроменета цена.
ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 2,5 денари по литар, и од утре ќе изнесува 82,5 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 2 денари, и од утре се продава за 85 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета – 74 денари по литар.
Цената на екстралесното масло останува непроменета 72,5 денари по литар, а останува иста и цената на мазутот 41,4 денари по литар.