Можно е Роналдо да биде избркан од Саудиска Арабија поради непристоен гест

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да биде протеран од Саудиска Арабија откако на јавна сцена се фати за гениталиите на натпреварот против Ал-Хилал, кога излегуваше од теренот, а домашните навивачи притоа извикуваа „Меси, Меси…“

Фановите се навредени од неговото однесување и поднеле петиција за кривична пријава за непристојност на јавно место, за кое на странските државјани е предвидена казна „апсење и депортација од државата“.

„Навивачите можеби го испровоцирале Роналдо, но тој не смеел да реагира на таков начин. Со неговото однесување го прекршил законот и и затоа ќе биде поднесена пријава до обвинителството“, објавила локална адвокатка.