Жиру доби нов договор со Милан

Оливие Жиру го продолжи договорот со Милан за уште една сезона. Договорот се склучи само неколку часа откако помогна „росонерите“ да се пласираата во полуфиналето на Лигата на шампиони.

36-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал и Челси, се приклучи на Милан во 2021 година и беше еден од клучните играчи во шампионската мината сезона. Тој вчера го постигна одлучувачкиот гол при 1:1 ремито со Наполи вчера, иако утна пенал при гостувањето во Неапол.

Ветеранот има 13 гола и 6 асистенции во 38 меча за Милан оваа сезона, а вкупно има 27 гола и 10 асистенции во 76 официјални мечеви за „росонерите“.