Потпишан меморандум за соработка меѓу дипломатскиот клуб – Скопје и универзитетот Американ колеџ
Меморандумот, како што информираат од Универзитетот Американ колеџ Скопје, предвидува размена на научни и стручни искуства и знаења, подготовка на заеднички програми за оспособување и усовршување на дипломатски кадри, заедничка поддршка и помош во организирање собири (конференции, трклаезни маси, работилници и летни школи), како и заеднички изданија на публикации и овозможување практична настава за студентите.
Како дел од серијата заеднички проекти, УАКС и Дипломатскиот клуб објавија дека по повод Денот на македонската дипломатија – 29 април, на 27 април 2023 година, организираат панел-дискусија на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција“. Се очекува на панелот да се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир и други високи претставници од државните институции и од меѓународни организации акредитирани во Скопје, како и претставници на специјализирани организации ангажирани во развој на регионалните иницијативи.