Опозициската ВМРО-ДПМНЕ слободно нека ги достави сите свои предлози во комисијата за уставни прашањеа која треба да биде формирана во Министерството за правда и таму ќе може да се разговара, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето во врска со предлогот на универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски за менување на актуелниот државен грб.
Според Ковачевски, уставните измени ќе имаат легитимитет и без опозицијата.
„Гледаме прво има хрватски модел, сега грб, така што таму ставовите дневно се менуваат ќе видиме како д ќе биде до крајот. Опозицијата не го поддржа нашето членство во НАТО, така што ќе станеме членка на ЕУ и јас се надевам дека опозицијата еднаш нешто ќе поддржи. Не го поддржаа ни договорот со ФРОНТЕКС, за којшто утре почнува имплементацијата, кажаа дека биле на пауза, сите биле внатре тие на пауза и не го слушнале ѕвончет. Такви изговори од трето одделение не поминуваат. Тој договор има легитимитет бидејќи го изгласало Собранието и го усвои ЕУ“ – рече Ковачевски.