Столтенберг: Кина ќе има околу 1.500 нуклеарни боеви глави до 2035 година

Се очекува дека Кина ќе има околу 1.500 нуклеарни боеви глави до 2035 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столетенберг.

На долг рок, мораме да го преиспитаме и прилагодиме нашиот пристап кон поопасен и поконкурентен свет, а тоа значи ангажман со Кина, која се проценува дека има 1.500 боеви глави, рече Столтенберг на конференцијата за контрола на вооружувањето во Вашингтон, пренесува Тасс.

Тој изјави дека Кина како глобална сила има глобални одговорности и посочи дека Пекинг ќе има корист и од зголемената транспарентност, предвидливост и безбедност на договорот за контрола на оружјето.

НАТО е единствена платформа на која соработуваме со Кина и пошироката меѓународна заедница, во наша заедничка корист, рече Столтенберг.