Повторно сме таму каде што ни е местото, меѓу граѓаните, овој пат во Бутел на маалска средба, за да разговараме, да го слушнеме гласот за се она што е важно, да се потсетиме на досега сработеното, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
Од 2017 година досега минималната плата ја зголемивме за 11.375 денари.
Пред време го остваривме и ветувањето за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, споредбено со просечната плата од 22.000 за време на режимот на ВМРО!
Или, пак, просечната пензија ја зголемивме на 19.150 денари. Во време на режимот 100.000 пензионери земаа пензија под 10.000 денари!
Пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава заслужуваат мирна и достоинствена старост.
И 12.000 лица стечајни работници се обештетени со месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирањето!
И овој пат покажуваме дека сме рамо до рамо со граѓаните, рамо до рамо ќе биеме нови победи, напиша Спасовски.