![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/04/ustav-ustavni-izmeni-ustavni-izmeni-1-960x454-1-750x430.jpg)
Министерството за правда се очекува оваа недела да ги објави имињата на експертите кои ќе бидат дел од работната група за уставни измени, откако минатата недела беа објавени имињата на претставниците на политичките партии и институции кои ќе бидат дел од ова тело.
Работната група, пак, се очекува да се состане при што ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот изјави дека Бугарите во македонскиот Устав можат да бидат впишани единствено како дел од бугарскиот народ и никако поинаку, отфрлувајќи ја можноста формулацијата „македонски Бугари“ да влезе во Уставот.
Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави имињата на експертите од академската фела кои се занимавале со уставна проблематика во пракса.
-Во однос на комисијата, таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда, кое ги објави експертите од политичките партии. Во текот на наредниот период тие ќе ги објават и експертите кои доаѓаат од академската фела, доминатно и од стручната, односно оние кои се занимавале со уставната проблематика во пракса и откако тоа ќе го направи Министерството за правда, ќе започне практичната работа на Комисијата која треба да ги изработи амандманите и коишто потоа ќе бидат доставени до Владата и ќе влезат во собраниска процедура, рече Ковачевски.
Во однос на барањето на Македонците – муслимани да влезат во Уставот, премиерот рече дека тоа исто така ќе биде работа на комисијата, бидејќи не се работи само за едно барање, туку за повеќе барања.
Постапката за уставни измени, според Ковачевски, треба да почне и тој верува дека Собранието има демократски капацитет за овој процес. Во однос на противењето на опозицијата за уставните измени, Ковачевски вели дека опозицијата многу често ги менува своите ставови.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да не е релевантен да зборува за тоа прашање, а и многу често ги менува своите ставови. Прво кажуваше дека го поддржува Договорот со бугарскиот премиер во тоа време, потоа дека не го поддржува, потоа со премиерот Петков кажа дека поддржува уставни измени, па потоа рече дека не поддржува, потоа рече дека ако некој негов пратеник гласа за уставни измени ќе даде оставка, па им земаше нотарски изјави на пратениците дека нема да гласаат, за потоа да каже поддржуваме уставни измени, но по хрватски модел, па по три дена повторно рече дека не поддржуваат уставни измени, изјави Ковачевски.
Филтрацијата на судството и обвинителството е врвен приоритет за Министерството за правда и Владата во целина. Очекуваме ова да биде голем чекор кон конечното враќање на довербата, која граѓа
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најави дека работната група за уставни измени ќе се состане по празниците и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.
-Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и на ниво на задачата и државнички во овој процес. Министерството за правда ги покани и партиите и експертите да номинираат свои претставници. Најголем дел го сторија тоа. Веднаш по празниците ќе има состанување и формулација на предлозите за уставни измени. По таа формулација очекуваме да има и јавна дискусија и потоа да влезе во Собранието, рече Маричиќ.
Досегашното искуство, како што посочува Маричиќ, покажува дека ваквите обврски, ако се остават, стануваат потешки.
– Притоа мора да имаме предвид дека оваа година е клучна за решавање на одредени прашања во регионот. Затоа има притисок и за решавање на проблемот со Косово и состојбата во Црна Гора. Следната година е изборна и во ЕУ и ќе им треба шест месеци за распоредување на новите европски институции, вели Маричиќ.
Затоа, додава Маричиќ, во работната група треба да се разговара како рационално и најразумно да ги предложиме уставните измени за коишто можеме да добиеме пакет од 80 пратеници. Смета дека тоа е возможно доколку фокусот е на она што ни е обврска од Преговарачката рамка и францускиот предлог.
-Знам дека ќе се отвораат и други прашања сигурно бидејќи политичките партии тоа го најавија и легитимно е да се отвораат. Секоја партија има право да отвори прашања, кога се отвара крупна работа како Уставот, но сметам дека најдобро би било ако тие прашања ги оставиме да ги решаваме во некоја подоцнежна фаза, а сега се фокусираме како да добиеме 80 пратеници за додавање во Преамбулата на делови од цногорскиот, хрватскиот и бугарскиот народ, вели Маричиќ.
Според Маричиќ, со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на државата.
И заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ минатата недела изјави дека внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ.
– Жалам што опозицијата не прифати да учествува во работната група за уставни измени. Предлагач на уставните измени е Владата. За да дојде текстот во Собранието, некој треба да го подготви, да го даде на Владата и таа да го предложи во Собрание, рече Аврамовска-Мадиќ.
Во однос на работната група за уставни измени, таа истакна дека се очекува наскоро таа да се комплетира со експерти и да ги утврди начинот и методологојата на работа.
Во однос на работната група за уставни измени, таа истакна дека се очекува наскоро таа да се комплетира со експерти и да ги утврди начинот и методологојата на работа.
– Собранието доколку се произнесе дека има потреба од отворање на Уставот, односно има 80 пратеници, процедурата за уставните измени ќе продолжи во Комисијата за уставни прашања. Ние ќе и оставиме на работната група да се произјасни за она за што сметаат дека треба да влезе во измените, рече Аврамовска Мадиќ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје, рече дека уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот.
-Така што и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени – Хрвати, Бугари, исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите, рече Османи, во одговор на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, коишто се толкуваат дека Бугарите треба да бидат впишани како македонски Бугари во Уставот.
Според потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за уставните измени.
– Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка, рече Богоев.
Измените на постојниот Кривичен законик во однос на насилството врз новинари се во собраниска процедура и тие треба да бидат усогласени со целосно новиот кривичен законик, кој веќе постои во
Партиите за членови во работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.
Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.