Борисов: Сакам да формирам влада со „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, тоа е најдоброто за Бугарија

Влада составена од ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ е врвен приоритет.

Ова утринава пред новинарите во бугарскиот Парламент го изјави лидерот на бугарска ГЕРБ, Бојко Борисов.

Тој денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова и кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и социјалната политика.

Борисов додаде дека, Нинова му соопштила дека двете најсилни коалиции застапени во парламентот се сосема доволни и затоа БСП нема да ги поддржи при изборот на Росен Желјазков за претседател на 49. Народно собрание.

– Наш главен приоритет е влада меѓу двете партии. Подготвени сме на многу компромиси, но ова не е компромис – рече Борисов одговарајќи на прашање за предлогот за избор на претседател на Собранието врз ротациски принцип. Во Романија има компромис за ротација на премиерите, има различни практики и затоа вчера толку трпеливо и внимателно формулиравме дека меѓу толку непријателски -не само лидери, туку и поддржувачи, е потребно време, па затоа и одложувањето на изборот на претседателотна Собранието е многу корисно, за да може да се добие време – додаде Борисов.

– Сакам да формирам влада со „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, бидејќи тоа е најдоброто за Бугарија – рече Борисов.