Доктор Михајло Вангелов е гинекологот од Битола кој е парично казнет поради пропусти во третманот на родилката чие новороденче почина деновиве во битолската болница непосредно по породувањето.
Вангелов во јануари 2021 година и дозволи на својата сопруга да врши царски рез во клиниката, иако таа не била вработена и немала дозвола за работа во земјава.
Порталот „Либертас“ пишува дека Вангелов е советник во Советот на Општина Битола од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според наводите во текстот во 2021 година, Вангелов бил суспендиран заедно со д-р Гоце Чакаровски, кој е поранешен заменик министер за здравство. Против нив беше покрената и кривична пријава.
Вангелов се товареше за две кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.
За истите кривични дела се товареше и Чакаровски, а против сопругата на Венгелов беше поднесена кривична пријава за надрилекарство.