![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/01/Levica-logo-960x960-1-750x430.jpg)
„Денес повторно беше одложена расправата по измените за 60-часовна работна недела!“-известуваат од Левица.
-Поднесените 1.111 амандмани на Левица ја одложија седницата на Комисијата за труд и социјална политика на неодредено и со тоа го спречија скандалозното носење на новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, со кои се воведува корпоративен феудализам.
Остатокот од опозицијата, конкретно пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Комисијата јавно кажа дека од нивна страна активна блокада нема да има. Оваа партија поднесе само ДВА амандмани против ваквите скандалозни измени!- стои во соопштението на Левица.
„Кога и да се закаже продолжението, нашите двајца пратеници остануваат да се борат до крај!“-додаваат од Левица.