Кинолозите апелираат веднаш да се донесе Закон за чување и одгледување кучиња во домашни услови.За да не се случуваат трагедии, тие велат да се следи европскиот пример.
Во Европа постојат ригорозни закони за со кои се ограничуваат условите под кои се чуваат определени раси кучиња, особено оние кои спаѓаат во видот на поагресивни, објаснува за ТВ Сител, Стефан Кирков кој има долгогодишно искуство во оваа сфера.
Кога се работи за тоа кои раси се агресивни или не, Кирков вели дека има многу предрасуди и контрадикторни мислења, но на крај главен фактор е сепак начинот на кој се одгледува таквото куче.